Новиот прволигаш Беса максимално амбициозно ја очекува својата дебитантска сезона во Првата македонска фудбалска лига, креирајќи повеќе од компетитивен тим со кој ќе се атакува и во битката за излез во Европа.
Најново засилување на Беса треба да биде еден од најдобрите фудбалери во македонскиот шампион, 27-годишниот напаѓач Ремзифаик Селмани. Веќе има договорот меѓу двете страни кој се очекува деновиве да биде официјализиран пред јавноста.
Селмани изминатава сезона настапуваше за штипска Брегалница, а претходно во својата кариера играше и за Шкендија, Ренова и Гостивар во македонското првенство, како и за унгарските Ујпешт и Мезековешт.
Беса, како што е познато, претходно се засили и со голманот Костадин Захов, дефанзивците Меџит Незири, Имран Фетаи, Горан Силјановски и Башким Велиу, како и фудбалерот за врска Адмир Љатифи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА