Беса ја победи Брегалница со убедливи 4-1 на пријателскиот натпревар кој денеска се одигра на Градскиот стадион во Гостивар.
Беса славеше на дуелот со погодоците на Влатко Стојановски, кој стрелаше двапати, еден гол постигна Арсим Љамалари а четвртиот гол за Беса беше автогол на Благој Хаџи-Кимов.
Стрелец на единствениот погодок за Брегалница беше Глигоров уште во 11. минута од средбата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

