Шкендија ја одржа предноста осамен на врвот од табелата во Првата македонска фудбалска лига откако во 23. коло славеше со 1-0 против Пелистер пред своите навивачи.
Гостивар ремизираше (2-2) со АП Брера, Беса, пак, со 2-3 славеше на гостувањето против Шкупи, а Струга ТЛ со гол на Малески во 88. минута го скрши отпорот на Воска Спорт.
Шкендија до победата од 1-0 против Пелистер дојде со погодокот на Бесарт Ибраими во 73. минута од натпреварот.
Фудбалерите на Беса славеа со 2-3 на гостувањето против Шкупи.
Беса ја искористи грешката на домашниот голман Денковски во 13. минута, па Шефити украде топка во шеснаесетникот на Шкупи и лесно погоди во празната мрежа за водство од 0-1.
Веќе во 28. минута беше и 0-2 за Беса по автоголот на Лазаров.
Во 32. минута Асани од пенал ја намали предноста на гостите за 1-2 на полувремето.
Со спектакуларен гол во 60. минута на Влатко Стојановски, кој е негов прв во дресот на Беса, гостите дојдоа до водство и од 1-3.
Откако украде една топка на средината од теренот, а гледајќи го истрчаниот домашен голман Денковски, Стојановски се одлучи на шут од 50 метри и мајсторски погоди за 1-3…
Гостивар, пак, ремизираше (2-2) со АП Брера. Гостиварци поведоа со голот на Каланоски во 25. минута на дуелот против АП Брера.
Сепак, струмичани израмнија во 45. минута со голот на Велков.
А, целосен пресврт следеше во 52. минута кога капитенот Мартин Ѓоргиевски погоди директно од слободен удар од 20 метри, со извонреден погодок за предност од 1-2 на АП Брера.
Но, Ајдини со гол во 87. минута успеа да донесе израмнување за конечни 2-2, откако претходно не успеа да реализира од пенал, но одбранетата топка од гостинскиот голман повторно се одби до него и стрелаше за израмнување.
Струга ТЛ до победата од 1-0 против Воска Спорт дојде со голот на Малески во 88. минута од средбата.
Натпреварот меѓу Силекс и Вардар во Кратово почна со задоцнување од половина час поради доцнењето на вардаровите фудбалери на дуелот. По 60 минути игра Силекс има предност од 1-0 со голот на Алиќ уште во 9. минута од средбата.
ПРВА ЛИГА – 23. КОЛО
Тетово: ШКЕНДИЈА – ПЕЛИСТЕР 1-0
Ибраими 73′
Кратово: СИЛЕКС – ВАРДАР 1-1
Алиќ 9′ – Омерагиќ 90’+5
Скопје: ГОСТИВАР – АП БРЕРА 2-2
Каланоски 25′, Ајдини 87′ – Велков 45′, Ѓоргиевски 52′
Струга: СТРУГА ТЛ – ВОСКА 1-0
Малески 88′
Скопје: ШКУПИ – БЕСА 2-3
Асани 32′, Рамани 79′ – Шефити 13′, Лазаров 28′(аг), Стојановски 60′
УТРЕ (10 март, 14 ч.)
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ТИКВЕШ
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

