Екипата на Струга Трим Лум на само неколку дена пред почетокот на првенството, може да остане без својот прв голгетер Бесарт Ибраими. Според „Инфоспорт“, искусниот напаѓач ќе се врати во редовите на Шкендија, каде што ги имаше најдобрите мигови во кариерата.
37-годишниот Ибраими беше творец на успехот на Струга ТЛ во изминатите две години, кога се закити со две шампионски титули. Ибраими се враќа на местото каде што ги доживеа најблескавите мигови. За Шкендија играше шест години, од 2015 до 2021 година, и постигна преку 100 голови во настапите за тетовскиот тим.
Според изданието, двете страни веќе се договориле, а со тоа Ибраими најверојатно ќе ја заврши кариерата во Шкендија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА