Македонскиот шампион Струга ТЛ денеска во Охрид од 17 часот на „Билјанини извори“ го пречекува словачкиот шампион Слован Братислава, во реваншот од првото квалификациско коло од Лигата на шампионите.
И покрај поразот од 4-2 на првиот натпревар во Братислава, стружани силно веруваат дека може да се одигра квалитетен меч кој ќе донесе победа и за пласман во следната рунда натпревари. Еден од најдобрите фудбалери на стружани, Бесарт Ибраими, кој беше стрелец на двата гола за својот тим во главниот град на Словачка, иако признава дека Струга ТЛ ќе има тешка задача, сепак верува дека среќата ќе биде на наша страна.
„Одлично го анализиравме последниот натпревар против Слован Братислава, така што овојпат веруваме да нема да ги повториме истите грешки, туку да ги минимизираме и да се надеваме дека овој пат среќата ќе биде на наша страна. И покрај минусот од два гола, ние силно веруваме во позитивен резултат, иако ќе биде тешко“ – вели Бесарт Ибраими, кој на прашањето дали повторно ќе постигне гол против шампионот на Словачка, категоричен:
„Ние напаѓачите сме тука да постигнуваме голови… Разбирливо е дека како напаѓачи се обидуваме да постигнеме гол на секој натпревар, но можам слободно да кажам дека најважно во овој момент е да се постигне целта на тимот, а тоа без сомнение е пласман во следната рунда“.
Ибраими има вкупно 28 гола на меѓународната сцена, од кои девет со Струга ТЛ. Утрешниот натпревар против Слован Братислава ќе биде 10-ти јубилеен натпревар кој Бесарт ќе го одигра во дресот на стружани, каде на секој меч досега има постигнато гол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА