Бесарт Ибраими ќе „пука“ за Струга ТЛ!

Струга Трим Лум денеска доби звучно засилување во своите редови. Најдобриот стрелец во ПМФЛ на сите времиња Бесарт Ибраими по една сезона се врати во Македонија и потпиша за екипата од Струга.

Бесарт Ибраими до неодамна беше дел од Шкендија, каде настапуваше долги години и стана најдобар стрелец во Првата лига. Претходно беше дел од Шалке и Мариупол, а играше и за Ренова, Влазерими и Напредок.

Ибраими е поранешен репрезентативец на нашата земја,  со 15 настапи и без ниту еден постигнат гол.

Претходно Струга ТЛ соопшти дека нивниот играч Абулхади Јахја го продолжил договорот на уште една сезона.

Се вчитува...