Најдобриот фудбалер на Шкендија, Бесарт Ибраими, останува во клубот до 2021 година. Тој и официјално стави потпис на нов договор со македонскиот првак, откако во изминатиот период имаше интензивни разговори со раководството за продолжување на соработката. На крајот, тие завршија успешно, а Ибраими потпиша нов двегодишен договор, како продолжение на претходниот кој имаше важност до јуни 2019 година.
Ибраими одлично во дресот на Шкендија и на почетокот на оваа сезона. Во три меча од квалификациите за ЛШ веќе има постигнато пет гола, четири против ТНС, како и победничкиот против Шериф Тираспол на вчерашниот натпревар (1-0).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

