Јусуфа Мукоко е фудбалер роден во Камерун. Моментално игра во Ница како позајмен од Борусија Дортмунд. Според официјалните податоци, тој е роден на 20 ноември 2004. Но, тоа можеби не е вистина. Неговата вистинска возраст би можела да биде 24 години, а зад сè стои добро развиена измама.
Таткото на Јусуфа, Џозеф истакна дека не е биолошки татко на играчот. Германскиот „Билд“ објави дека Џозеф признава дека младата надеж на германскиот фудбал всушност не е неговиот син.
„Под заклетва изјавувам: Јусуфа Мукоко не е мојот биолошки сил или син на мојата сопруга Мари Мукоко. Ниту е роден на 20 ноември 2004 година во Јаунде, Камерун“, рече Џозеф.
Џозеф Мукоко исто така призна дека манипулиран со официјални документи за да ја промени возраста на Јусуф. Според неговото сведочење, тој добил лажен извод од матичната книга на родени во Камерун и договорил пасош да го претстави како свој син.
„Тој е роден 19 јуни 2000 година, а го направивме помлад“, рече Џосеф.
Исто така биле откриени документи на кои стои дека Јусуфа Мукоко е со лажен идентитет, а неговиот вистински бил Јусуфа Мохамаду, како син на Осман Мохамаду, локален таксист.
Мукоко беше дел од репрезентацијата на Германија на минатиот Мундијал во Катар, па дури и доби шанса да настапи за репрезентацијата под палката на Ханс Флик. Моментално игра во Ница како позајмен од Борусија Дортмунд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА