Беше еден од најголемите таленти, а сега…

Робињо отслужува затворска казна во злогласниот казнено-поправен дом Тремембе.

Некогаш, Робињо беше голема надеж на светскиот фудбал, играјќи за клубови како Реал Мадрид, Манчестер Сити, Милан и Сантос и играјќи за бразилската репрезентација.

Денеска наместо во фудбалски арени, времето го поминува зад решетки. Робињо отслужува деветгодишна затворска казна за групно силување на албански државјанин во Милано во 2013 година.

Робињо е затворен во Тремембе, добро познат затвор во внатрешноста на Сао Паоло, каде што ја отслужуваат казната и други познати криминалци и јавни личности. И покрај тешките околности, неговото однесување во затворот беше оценето како примерно, а според бразилските медиуми, Робињо се обидува преку добро однесување да постигне полуотворен режим.

За да го скрати времето зад решетки, Робињо се посветил на учење и работа. Завршил 600-часовен курс по електроника, поправа опрема за телевизија и радио, а се грижи и за зеленчуковата градина.

Се вчитува...