Беше избркан од клубот поради поддршка за Палестина, сега ќе си добие 2 милиони отштета

Фудбалерот Анвар Ел-Гази го доби спорот против Мајнц поради раскинувањето на неговиот договор. Тој на социјалните мрежи даде поддршка за Палестина во конфликтот со Израел во октомври 2023 година.

„Ова не е конфликт, ова е геноцид кој го гледаме во живо“, напиша тогаш Ел-Гази кој ја заврши со слоган за слободна Палестина. Набрзо ја избриша објавата од социјалните мрежи.

Во ноември клубот му го раскина договорот со холандскиот играч за врска, по што овој поднесе тужба во судот. Судот пресуди дека раскинувњето на договорот е незаконски.

Со тоа Ел-Гази ќе може да добие од клубот околу 1,7 милиони евра отштета за неисплатени плати и бонуси. Мајнц исто така е обврзан да го врати во тимот и да смета на него на уште една година. Сега двете страни работат на предвремен раскин на договорот.

Се вчитува...