Беше на врвот, сега е на дното: Роналдо е толку очаен поради што мораше да заплаче

Кристијано Роналдо по серијата одлични изданија имаше натпревар за заборав. Ал Наср го победи Ал Батин во петокот по невообичаен пресврт во судиското надополнување каде од негатива од 0-1 стигна до триумф од 3-1.

Роналдо имаше голем број на шанси, но не успеа да најде пат до мрежата. Славниот Португалец во неколку наврати можеше да постигне гол од слободен удар, но не се прослави.

Во вториот дел Ал Наср доби слободние удари на 20 и 25 метри од противничкиот гол. Се чинеше дека се создадени ситуации за Роналдо, но следеа неуспеси. По еден обид топката помина преку гредата, Роналдо се фати за главата со израз на лицето како да плаче од тоа колку е разочаран.

Роналдо веќе со години е навистина очаен во изведувањето слободни удари. Порано беше најдобар во светот во тој сегмент, но сега е на самото дно.

 

Се вчитува...