Се поизвесно е дека српскиот интернационалец Лука Јовиќ ќе ја продолжи кариерата во далечното Мексико. Со денови се шпекулираше за неговите интензивни преговори со актуелниот шампион на Северна и Централна Америка, Круз Асул.
Договорот на Јовиќ со Милан истече на 30 јуни, а италијанските гиганти одлучија да не ја активираат клаузулата за дополнителна сезона. Еден од најпознатите клубови во Мексико веднаш покажа интерес за Јовиќ, бидејќи нивната цел е да доведат познат европски напаѓач за следната сезона.
Клубот нуди високи плати за играчи од Европа, но и специфична фудбалска средина со голема поддршка од навивачите и ново професионално искуство.
Единственото нешто што го држи се уште далеку Јовиќ од Круз Асул е тоа што мексиканскиот клуб прво мора да расчисти место во тимот.
„Договорот е на сила, ќе му плаќаат пет милиони долари годишно – двегодишен договор и милион и пол за потпис. Верувам дека Јовиќ би можел да пристигне во Мексико Сити следната недела“, изјави новинарот Сезар Кабалеро.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

