Голманот Џек Стир беше херојот на Астон Вила во полуфиналето од плејофот во Чемпионшип против ВБА, откако со маестралните одбрани во пенал серијата го одведе својот тим во големото финале на „Вембли“.
Стир на почетокот на сезоната беше пратен на позајмица во Чарлтон, но од Астон Вила се решија да го вратат во тимот поради повредата која ја заработи првиот голман Орхан Нилсен.
„Неверојатно е што се може да се случи и како може да ви се отворат шанси во животот. Орхан беше одличен, но се повреди и по еден телефонски разговор Стир прифати да се врати во клубот и потоа што се случи? Одбрани два пенали, неверојатен е“, изјви менаџерот на Астон Вила Дин Смит.
Астон Вила во финалето на плејофот во Чемпионшип ќе се сретне со подобриот од двомечот меѓу Лидс Јунајтед на нашиот Езгјан Алиоски и Дерби Каунти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА