Беше сѐ готово, но Лопетеги нема да седне на клупата на Вулверхемптон

Шпанскиот тренер Хулен Лопетеги нема да седне на клупата на Вулверхемптон. Лопетеги кој минатата недела доби отказ од Севилја после поразот од Борусија Дортмунд на домашен терен, веќе беше виден како нов тренер на премиерлигашот.

Речиси сите детали биле договорени, меѓутоа сите останаа изненадени со информацијата дека Шпанецот ги инфомирал челниците на англискиот тим дека нема да биде нивен тренер.

Инаку Лопетеги и во минатото имал изненадувачки потези. Еден од нив е оној пред Мундијалот во Русија 2018 година. Лопетеги беше селектор на Шпанија и ја однесе на Светското првенство, но доби отказ само неколку дена пред почетокот на натпреварите затоа што тој веќе се договорил со Реал Мадрид. Сепак, во таборот на „кралевите“ се задржа само неколку месеци, па остана и без селекторско место, и без клупата на Реал.

Се вчитува...