Не беше така одамна кога екс германскиот репрезентавец Андре Шурле се реши да стави крај на својата кариера. Го стори тоа на 29 години, а ќе биде запеметен по одличниот Мундијал во 2014 година, кога го освои златниот медал со финалето во Рио Де Жанеиро со победата на неговата Германија над Аргентина со 1-0, а асистент на победничкиот гол на Геце беше токму тој.
Шурле сега има друго хоби. Гол во кратки панталони се качува по планини, а пишува дека во тие мигови ветарот дувал и до 100 километри на час, и дека надвор било -19 степени.
„Ова беше најтешкиот физички и ментален зафат во мојот живот. Пред крајот воопшто не го чувствував своето дело и морав во себе длабоко да пронајдам нешто за да продолжам понатмау. Ова нема никогаш да го заборавам и научив дека телото и умот ми се посилни од што мислев“, рече Шурле.
Кариерата ја заврши во 2020 година. Немаше проблеми со повреди, но кажа дека веќе не може да ја издржи осаменоста и работите кои фудбалот ги бара. Во едно интервју кажа дека неговото тело било променето по изедена порција месо, и се сомнева дека од тогаш почнал неговиот пад во фудбалот.
Во кариерата играше за Мајнц, Баер Леверкузен, Челси, Волфсбург, Борусија Дортмунд. За Германија одигра 57 меча и постигна 22 гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

