Крилниот играч на Кристал Палас, Вилфрид Заха, вчера го одигра последниот натпревар за овој клуб, и е на прагот да направи трансфер во редовите на новиот првак Манчестер сити, откриваат медиумите на Островот. Интересно е дека тој во минатото беше член на Манчестер јунајтед, но не успеа да се наметне, а сега ќе пристигне во редовите на градскиот ривал. „Граѓаните“ за него ќе платат 50 милиони фунти.
Тој е една од желбите на менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, за засилување на навалната линија на својот тим. Со него, шпанскиот стратег ќе ја зголеми конкуренцијата за Лирој Сане, Бернардо Силва и за Рахим Стерлинг.
Интерес за овој фудбалер искажа и Челси, но според британските медиуми Заха веќе донел одлука да му се приклучи на актуелниот првак на Премиер-лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА