Беше со Србија во Катар, а сега се откажа од националниот дрес

Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ – Пикси, во иднина нема да смета на голманот на Севилја, Марко Дмитровиќ. Дмитровиќ му соопштил на селекторот дека нема повеќе да игра за репрезентацијата, но не поради незадоволство, туку поради тоа што има млади голмани кои заслужуваат шанса, и поради тоа што сака да се избори за место во првиот тим на Севилја.

Дмитровиќ беше во трет план на Мундијалот во Катар, со оглед дека голот на Србија го чуваше Вања Милинковиќ – Савиќ, а втор голман беше Предраг Рајковиќ.

„Дмитровиќ ми соопшти дека сака да се откаже од националниот дрес. Ми рече дека во моментов помлади голмани заслужуваат шанса да го чуваат голот на Србија, и јас ја почитувам неговата одлука“, рече Пикси пред новинарите.

Тој исто така истакна дека имал разговор и со играчот на Ливерпул, Стефан Бајчетиќ, но дека во моментов тој не е подготвен да одлучи за која селекција ќе настапи, дали за Србија или за Шпанија.

Се вчитува...