ЕКИПА во Вадуц, Лихтенштајн,
Владимир Булатовиќ
Селекторот Игор Ангеловски изведе офанзивен состав за вечерашниот меч против Лихтенштајн, но веднаш „боде очи“ фактот дека Аријан Адеми не се наоѓа ниту на клупата за резервни фудбалери. Тој одигра послабо против Ерменија во Ереван при убедливиот пораз (4-0), но тоа ниту од далеку не е причина за негово комплетно изоставување.
Интересно е дека Адеми беше меѓу резервите на првичнот записник што го доделија домаќините, но, потоа, во последен момент е изоставен од официјалниот записник на УЕФА. Секако, официјалниот одговор ќе следи по натпреварот, кога селекторот Ангеловски ќе се појави пред новинарите… Засега, јасно е само дека одлуката е донесена од здравствени причини. Адеми во текот на вчерашниот и денешниот ден имал здравствени проблеми поради кои вечерва не е во можност да биде на располагање на Игор Ангеловски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

