Претседателот на Фудбалската федерација на Шведска, Карл-Ерик Нилсон си поднесе оставка од функцијата, затоа што како член на УЕФА го поддржа враќањето на Русија во натпреварувањата под капата на Европската фудбалска федерација.
Минатата недела УЕФА објави дека репрезентациите до 17 години на Русија може да настапуваат во нејзините натпреварувања. Дел од медиумите во Англија објави дека Нилсон гласал за враќање на Русите, и поради тоа имал големи притисоци во својата земја.
Нилсон беше на чело на Фудбалската федерација на Шведска само четири месеци. Долги години беше потпретседател на УЕФА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА