Бешикташ бара нов тренер, Ѓунеш си поднесе оставка

Бешикташ е во потрага по нов тренер откако Шенол Ѓунеш реши да си поднесе оставка од функцијата по разочарувачкиот пораз на домашен терен од Лугано во Конференциската лига на УЕФА.

Бешикташ имаше водство од 2-0, но потоа по црвениот картон на еден домашен фудбалер швајцарскиот тим со три гола во последните десетина минути направи целосен резултатски пресврт. Ѓунеш ја презеде одговорноста, заминувајќи од клубот една година откако дојде на чело на Бешикташ на местото на Валеријан Исмаел.

„По состанокот со претседателот, нашиот тренер самиот си поднесе оставка и кажа дека е потребна свежа крв во клубот“ се вели во соопштението на Бешикташ.

Овој тим игра променливо и во турското првенство, каде по седум кола има осум бода заостанување зад водечкиот Фенербахче.

Се вчитува...