Бешикташ го брка Кварезма!

Рикардо Кварезма е на излезна врата од Бешикташ, информацијата беше објавена пред неколку дена, по што навивачите на турскиот почнаа петиција преку социјалните мрежи за нивниот миленик да остане во Истанбул. Ситуацијата доби неочекуван пресврт откако Кварезма се јави преку порака на својот инстаграм-профил, дека заминувањето не е негова желба, туку на управата на клубот.

„Штотуку бев информиран од претседателот дека тој не сака да продолжам да играм за Бешикташ. Во моментов се водат разговори, штом се добие развршница ќе ја објавам својата одлука за иднината на прес-конференција“ – напиша Кварезма.

Искусниот 35-годишен Португалец досега одигра 226 натпревари за Бешикташ, притоа постигнувајќи 38 погодоци и 78 асистенции.

Се вчитува...