Бешикташ обезбеди уште едно квалитетно засилување откако денеска потпиша договор со Гери Медел. Чилеанскиот играч за врска е решен да си замине од Интер, па откако му пропадна трансферот во Мексико експресно се договори со раководството на Бешикташ.
Висината на трансферот изнесува три милиони евра, а тој веќе од понеделник ќе му се стави на располагање на стручниот штаб на новиот клуб.
Пред 30-годишниот Чилеанец, Бешикташ ги доведе и Пепе од Реал Мадрид, Алваро Негредо од Валенсија и Џермејн Ленс од Сандерленд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА