Турскиот гигант Бешикташ сака да се засили со играчот од средниот ред на Арсенал Жоргињо . Според Сабах, Бразилецот со италијански пасош е решен да си замине од Емирати како слободен играч на лето, но не би било исклучено да биде продаден за скромна сума во јануари.
Жоргињо, кој ќе наполни 33 години следниот месец, има само 7 настапи за Арсенал во сите натпреварувања од почетокот на сезоната. Свесен е дека тешко дека ситуацијата ќе се промени во негова корист, бидејќи менаџерот на „топчиите“ Микел Артета преферира други играчи на средината на теренот.
Високата плата на италијанскиот репрезентативец може да го поттикне Арсенал да се раздели со него во зимскиот преоден рок. Бешикташ ја следи ситуацијата околу поранешниот играч за врска на Верона, Наполи и Челси и голема е веројатноста дека ќе излезе со конкретна понуда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА