Бешикташ сака да го „откачи“ некогашниот англиски талент, Евертон не го сака назад

Поранешниот англиски репрезентативец Деле Али, е на излезна врата од Бешикташ, откако турскиот тим сака да го врати на Евертон пред истекот на позајмицата. Англичанецот, кој има огромен пад во својата форма и кариера, сега ќе мора да седи во Истанбул, па дури и по цена да не игра.

Али е позајмен во Бешикташ од Евертон, но проблемот е што сега и тимот од „Гудисон“ не го сака назад играчот од средниот ред пред истекот на позајмицата која му истекува на крајот од сезоната.

Деле Али своевремено беше еден од најголемите англиски таленти. Му предвидуваа голема фудбалска кариера, а додека беше дел од Тотенхем, за него се шпекулираше дека за огромна сума од 100 милиони ќе замине во Реал Мадрид и Барселона, но тоа никогаш не се случи.

Се вчитува...