Бешикташ се збогуваше од Имобиле: Чиро, ти благодариме за се…

Кратко траеше авантурата на Чиро Имобиле во Бешикташ откако турскиот гигант го раскина договорот со искусниот голгетер една година пред истекот на договорот.

Екс-капитенот на Лацио лани потпиша двогодишен договор со „црно-белите“ од Истанбул, но неговата желба да се врати назад во Италија пресуди соработката да биде прекината по само една сезона. Бешикгаш денеска и официјално објави дека е раскинат договорот со Италијанецот, јавно заблагодарувајќи му се на поранешниот италијанскиот репрезентативец за придонесот во изминатата сезона.

Бешикташ веќе доведе и замена за Имобиле, англискиот интернационалец Теми Абрахам од редовите на Милан.

Што се однесува до Чиро Имобиле, веќе е познато и името на неговиот нов клуб. Ветеранот се враќа назад во Серија А и ќе го облече дресот на Болоња, откако се договори за едногодишна соработка со „болоњезите“ за плата од 1,5 милиони евра.

Се вчитува...