Екипата на турскиот гигант Бешикташ, направи изненадувачки потег, откако го назначи поранешниот репрезентативец Бурак Јилмаз за нов тренер на екипата. Тој доаѓа на местото на Шенол Ѓунеш кој се реши да поднесе оставка.
38-годишниот екс напаѓач на Турција е изненадување за јавноста, со оглед дека нема ниту еден ден искуство како прв тренер, а само четири месеци од неговото пензионирање. Јилмаз му беше асистент на Ѓунеш.
Јилмаз на 77 натпревари за турската репрезентација, постигна 31 гол. Тој е еден од малкумината играчи кои настапуваа за сите три клуба од Истанбул. Покрај тоа што настапуваше за Бешикташ, играше и за Фенербахче и Галатасарај.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА