Бесир Демири: Ја респектираме Беса, но бодовите ќе останат за Работнички

Работнички утре од 13 часот на арената „Тодор Проески“ во Скопје од 13 часот ја пречкува Беса во 15. коло од Првата македонската фудбалска лига.

„Романтичарите“ по претходниот пораз во Струга, сега посакуваат враќање на позитивниот ритам и продолжување на битката за врвот од табелата.

„Сакаме успешно да го отвориме овој нов циклус после репрезентативната пауза. Работевме добро во изминатиот период и се надеваме дека тоа ќе донесе резултат и на теренот. Го респектираме тимот на Беса, но ќе се потрудиме бодовите да останат во Скопје. Играме на домашен терен и не криеме дека сакаме победа“ – вели Бесир Демири.

Се вчитува...