Членот на репрезентацијата на Македонија до 21 година која не однесе на Европското првенство во Полска, Бесир Демири одлучи да ја прифати поканата и во иднина да игра во дресот на репрезентацијата на Албанија.
24-годишниот Демири, сега член на украинскиот Мариопол, по настапот во младата селекција понатака остана надвор од сениорскиот тим не партиципирајќи во плановите на селекторот Игор Ангеловски. Тоа, како што вели Демири, е причината да ја прифати поканата на Кристијан Панучи кој го посакува во сениорскиот тим на Албанија.
Демири веќе добил пасош на Р. Албанија а наредниот период се очекува комплетирање на целокупната документација за настап во албанскиот дрес…
„Може да потврдам дека ја прифатив поканата на албанската репрезентација. Јас сум професионалец кој живее од фудбалот и затоа ги избирам најдобрите варијанти кои се поволни за развој на мојата кариера. Играв за младата селекција на Македонија до 21 година но потоа воопшто не добивав повик за настап во сениорската репрезентација. А, фудбалската кариера не е долга па затоа не можев да чекам. Албанија, пак, очигледно ги цени моите квалитети и затоа не ми беше тешко да донесам една ваква одлука“ – вели Демири.
Бесир Демири ја почна својата кариера во Шкупи. Потоа се пресели во Шкендија од каде го засили Вардар. Минатата сезона се одлучи за трансфер во украинскиот Марипол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА