Бесир Демири се врати во Шкупи

Поранешниот македонски фудбалски репрезентативец, Бесир Демири беше промовиран во нов фудбалер на актуелниот шампион на Македонија, Шкупи.

Демири се враќа во својот матичен клуб од редовите на албанската Динамо Тирана каде играше минатата сезона. Претходно, 27-годишникот настапуваше и за Куск, Жилина и Мариупол.

Во Македонија покрај Шкупи ги бранеше и боите на Вардар и Шкендија. Тренерот на чаирчани Гоце Седлоски ќе може да смета на левиот бек за двомечот против Шамрок Роверс во квалификациите од Лигата на Европа.

Се вчитува...