Мауро Икарди го очекува суспензија од терените откако по последниот свиреж на Никола Рицоли на големото дерби во Торино капитенот на Интер го погодил со топка главниот судија, јавуваат италијанските медиуми.
„Нероаѕурите“ беа разочарани од арбитражата на Рицоли, кој во финишот му покажа црвен картон на Перишиќ, а инцидентот се случил само неколку секунди по крајот на натпреварот. Рицоли не ни видел кој ја шутнал топката што го погодила в лице, но веднаш се консултирал со помошниците и му било укажано дека станува збор за голгетерот на Интер.
Икарди видно нервозен го напушти теренот на стадионот во Торино, а доколку овие најави на италијанските медиуми се покажат како вистинити тој сигурно ќе биде казнет со најмалку три натпревари неиграње, што би значело дека ќе ги пропушти пресметките со Емполи, Болоња и со Рома.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА