Македонската кошаркарска репрезентација се врати од Словачка и веќе продолжи со тренинзите во следната фаза од подготовките пред стартот на претквалификациите за СП 2019. „Црвено-жолтите“ утре со почеток во 20.30 часот во СЦ „Борис Трајковски“ ќе одиграат контролен натпревар со селекцијата на Бугарија, а МКФ донесе одлука влезот за оваа средба да биде бесплатен.
Овој дуел, како и претстојните средби од „Трофеј Македонија“, ќе бидат последни можности за кошаркарите за докажување пред селекторот Давитков конечно да го скрати списокот и да ги одреди кошаркарите кои ќе ги бранат боите на Македонија на квалификациските средби со Косово и со Естонија.
На денешниот тренинг на националниот тим присутен беше и претседателот на МКФ, Петар Наумоски, кој имаше кратко обраќање кон кошаркарите.
„Настрана тоа што се случи во Словачка, вие сега мроате да се посветите на периодот што следи. Од вас сакам да видам борба на теренот, сакам мотивација и желба за игра и за победа. Не сакам да видам предавање од самиот старт. Од мене и од федерацијата секогаш ќе имате поддршка, без оглед на сè, во мене имате пријател и тука сум ви за сè што ви треба“ – им порача Наумоски на македонските репрезентативци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА