Македонската ракометна репрезентација ќе ги заврши подготовките за ЕП 2024 со два меча против селекцијата на Грција, кои ќе бидат одиграни на почетокот од месец јануари во Скопје.
Првиот натпревар ќе биде одигран на 4 јануари во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје со почеток во 17 часот, а влезот за тој дуел ќе биде слободен, се со цел ракометарите пред полна сала да стигнат до триумф.
Во договор на двајцата селектори, вториот натпревар од овој двомеч ќе биде одигран зад затворени врати, како последна шанса за корекции во одредени делови од играта пред Македонија и Грција да отпатуваат на европскиот шампионат.
Нашиот национален тим ќе отпатува за Германија на 8 јануари, а првиот дуел од својата група ќе го игра на 10 јануари против Франција во Дизелдорф, и тоа а фудбалскиот стадион „Меркур Шпил Арена“ каде избраниците на Лазаров ќе настапат пред над 50.000 навивачи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА