Пречестите паѓања на теренот во текот на дуелите од Светското фудбалско првенство го направија Нејмар тема за потсмев во целиот свет. Бројните лежења на теренот сепак не им пречат на сите. Еден бразилски бар реши да профитира токму од оваа каратеристика на скапата фудбалска ѕвезда.
Барот кој се наоѓа во Рио де Жанеиро објави реклама во која за натпреварот в среда меѓу селекциите на Бразил и на Србија, нуди бесплатни коктели за гостите за секое паѓање на Нејмар на теренот.
26-годишниот бразилски напаѓач реагираше исклучително драматично на сите фаули над него, особено на дуелот со Швајцарија, а привлече и негативни коментари поради честите лежења на теренот за кои коментарите се дека се претерани, дури и симулации.
По објавувањето на рекламата, барот добил рекорден број барања за резервации.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА