Бесплатно пиво и колачи на стадион, роденден слави газдата на Лестер

Сопственикот на актуелниот англиски шампион Лестер сити, Вичаи Сриваданапраба, вчера го прослави својот 58. роденден на дуелот со Сандерленд во свој стил. Тајландскиот милијардер ги почести навивачите со пиво и колачи, а фудбалерите на Лестер му подарија победа против тимот на Дејвид Мојс.

Вичаи Сриваданапраба е сопственик на Лестер од 2011 година, а ова не му е првпат да дели бесплатни пијалоци и храна за присутните на стадионот. На ваков начин тој ги придобива фановите и нивната доверба, а тие знаат дека клубот е во добри раце. Тој исто така придонесе и неговиот тим да ја освои лигата пред една сезона, прва титула во Премиер – лигата од нивното 133 годишно постоење.

По отказот на Раниери пред два месеци, Лестер под водство на Крег Шекспир забележа пет последователни победи. Доволна причина да се слави со пиво и колачи…

C8llI4DWsAcQbgK 

Се вчитува...