СП во бијатлон: Ставре Јада не ја заврши трката на 20 километри, Пајфер до златото

Арн Пајфер е победник на машката индивидуална трка на 20 километри на Светското првенство во бијатлон кое се одржува во шведскиот ски-центар Остерсунд. Германецот до победата стигна со беспрекорна реализација на стрелиштето.

Со среброто се закити Владимир Илиев од Бугарија, додека бронзен беше Норвежанецот Тарјеи Бо.

Единствениот македонски претставник на шампионатот во Остерсунд, Ставре Јада не успеа да ја заврши денешната трка.

Се вчитува...