Бетанкур се јави: Се е во ред, честитки за победата

Родриго Бетанкур се чувствува добро по страшната повреда заработена на самиот почеток од синоќешното полуфинале од лига-купот меѓу Тотенхем и Ливерпул.

Уругвајскиот репрезентативец лошо падна по еден корнер, и тоа без контакт со противнички играч, по што остана неподвижно да лежи на теренот. Лекарската интервенција траеше повеќе од десет минути, за тој на крајот на носилки и со кислородна маска на лицето да го напушти теренот.

Бетанкур веднаш бил пренесен во клиника во Лондон, од каде утрово испрати смирувачка порака до фановите на Тотенхем и сите искрени фудбалски вљубеници.

„Се е во ред… Благодарам за пораките! Честитки за победата момци“, напиша Бетанкур на фотографијата објавена од болницата, на која се наоѓа крај неговата девојка Мелани ла Бланка.

Се вчитува...