Бетис е хит во Ла Лига, убедлив триумф над Реал Сосиедад

Бетис продолжи со одличните настапи во Ла Лига, откако прволигашот од Севилја го декласираше составот на Реал Сосиедад со 4-0, за зацврстување на третото место на табелата.

Во главна улога беше левиот бек Морено, кој постигна два погодоци и имаше една асистенција против „заспаниот“ гостински состав кој го претрпе и третиот пораз во низа во шпанскиот шампионат. За разлика од гостите од Сан Себастијан, Бетис одигра на високо ниво, покрај четирите гола создаде уште неколку извонредни шанси, јасен знак дека на тимот на тренерот Пелегрини со право се гледа како на најпријатно изненадување во досегашниот дел од шампионатот.

Бетис со овој триумф има 33 бода на третото место на табелата, шест помалку од лидерот Реал Мадрид, кој вечерва треба да го игра и својот меч од ова 17. коло, на домашен терен против Атлетико Мадрид.

Се вчитува...