Бетис го оддалечи Вилјареал од врвот на Шпанија

Реал Бетис стигна до голема победа во шпанското првенство совладувајќи го Вилјареал на домашен терен со 2-0 во 20. коло.

Домаќините до триумф ги предводеа Руибал со гол во 57. минута и Форналс во 83. минута.

Триумфот на Реал Бетис го олесни Комесана кој заработи директен црвен картон во 76. минута од средбата.

Со овој пораз Вилјареал останува на третата позиција на табелата со 41 освоен бод, додека Бетис се искачи на шесттата позиција со 32 бодови.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...