Бетис им се врати на победите во Ла лига (ВИДЕО)

Фудбалерите на Реал Бетис им се вратија на победите во шпанскаа Ла лига, откако денеска во тежок натпревар како дел од 21. коло славеа на гостувањето кај Алмерија со 2-3.

Гостите стигнаа до брзо водство од 0-1 со погодокот на Родри во 6. минута. Домаќините во 27. минута преку Суарез израмнија на 1-1, додека до крајот на првиот дел Бетис повторно поведе (1-2) со погодокот на Каналес во 42. минута.

Коста во 63. минута повторно резултатски го врати домаќинот во игра израмнувајќи на 2-2, а Гвардадо во 70. минута постигна гол за 2-3 и големи три бода за „зелено-белите“ во борбата за пласман во Лигата на шампионите.

 

Almeria 2-[3] Betis – Andres Guardado 70'
byu/Meladroite insoccer

 

 


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...