Бетис ја освои Мајорка и се доближи до Атлетико и Виљареал (ВИДЕО)

Бетис оствари победа на гостувањето кај Мајорка, и си ги зголеми шансите за пласман меѓу првите четири тима во Ла Лига, додека за Мајорка опстанокот станува се покомплициран.

Бетис поведе со голот на Езалзули во 18. минута. Класичен противнапад на Бетис и акција по средината, па по десната страна од каде следуваше шут, а топката дојде до Езалзули кој со волеј успеа да го матира домашниот голман.

На 0-2 Бетис зголеми во финишот од првиот дел. Акција која одеше од средината, па повторно од десната страна, а Ентони додаде до Бакамбу, кој од косо донесе 2-0 за гостите. 

Мајорка се врати во 66. минута со гол на Муричи. Косовецот постигна прекрасен гол со глава и така донесе можност Мајорка да го избегне поразот, но до крајот немаше промена за резултатот.

Бетис со оваа победа му се доближи на Атлетико Мадрид и до Виљареал на четири бодови на четвртата, односно на третата позиција на табелата.

Се вчитува...