Бетис ќе го предизвика Челси во финалето на Конференциската лига (ВИДЕО)

Фудбалерите на Бетис ќе го предизвикаат Челси во финалето на Конференциската лига, откако вечерва на гостувањето кај Фиорентина во трилер меч по продолженија одиграа 2-2.

По регуларните 90 минути резултатот на семафорот беше ист како пред седум дена на мечот одигран во Севилја (2-1). Гостите поведоа со 0-1 со прекрасниот погодок на Ентони во 30. минута.

„Виолетовите“ од Фиренца направија целосен пресврт до крајот на првиот дел (2-1) со двата гола на Госенс во 34. и 42. минута. Во вториот дел мируваа мрежите, па мечот замина во продолженија.

Во продолженијата повторно блесна Ентони кој му асистараше на Езалзули за 2-2 и пласман на тимот од Севилја во финалето.

[deleted by user]
by insoccer

Финалето кое ќе се игра на Вроцлав стадионот во Полска е закажано за 28. мај.

Се вчитува...