Бетис лесно го реши Леванте, Барди трчаше цел час

Екипата на Бетис ја оствари четвртата победа на стартот од новата сезона во домашното првенство, откако го совлада Леванте со убедливи 4-0  на свое тло. Фудбалерите на Кике Сетиен ги осигураа трите бода на почетокот од второто полувреме, Леванте конечно е совладан по пет кола во Примера без пораз. Македонскиот репрезентативец Енис Барди, беше на теренот се до 57. минута, во мигови кога Леванте веќе тонеше, тренерот Муниз реши на негово место да го стави напаѓачот Нано.

Прво полувреме на арената „Бенито Виламарин“помина без посериозни шанси. Педро Леон, односно Антонио Бараган пропуштија по една шанса да го доведат својот тим во предност, па мрежите мируваа до паузата. Во одлучувачките 45 минути составот на Бетис постигна три гола во три напади за за брзо време. Прво Санабрија го отвори резултатот со гол во 47. минута, младиот Фабијан Руиз само десет минути подоцна го зголеми водството на 2-0, за асистентот при првиот погодок, Педро Леон  да зголеми на во 65. минута 3-0. Конечните 4-0 ги постави Санабрија со својот втор гол на мечот, во последните секунди.

https://www.youtube.com/watch?v=3KKo8X0am_Q

Се вчитува...