Бетис само до бод против Рајо (ВИДЕО)

Откако минатото коло го совлада тимот на Атлетико Мадрид, Рајо со уште еден добар резултат се враќа од гостувањето во Севиља кај Бетис. Тимот на Рајо на крајот освои бод во дуелот со „зелено-белите“ играјќи 1-1.

Домашните први дојдоа до предност. Се играше 16. минута кога Бакамбу беше во вистинско време на вистинско место и одбиената топка ја смести во голот на Рајо.

Во 42. минута Рајо израмни. Ратиу нафрли во шеснаесетникот каде Палазон стрела во домашната мрежа.

До крајот на мечот Бетис имаше две шанси да дојде до победа, но Ентони и Езалзули не успеаја да постигнат втор гол за домашните.

Се вчитува...