Бетис влегува во преговори со Барди

Македонскиот репрезентативец Енис Барди со одличната игра во Леванте го привлече вниманието на многу клубови. Барди на лето сигурно ќе го напушти Леванте, а последните информации од Шпанија велат дека е најблиску до трансфер во Бетис.

Бетис е сериозно заинтересиран за македонскиот репрезентативец и е во напредни преговори со агентот на Енис. Oстанува непознато за која сума ќе замине во тимот од Севилја. Во голема мера за тоа ќе одлучува дали Леванте ќе опстане во Ла Лига или пак ќе игра во Сегунда, со што значително би се намалила неговата цена за да се олесни буџетот на тимот за плати.

Барди во јануари остана во Леванте за да му помогне на тимот да избегне испаѓање во втора лига, но веќе го известил претседателот на клубот дека сака трансфер. За Барди има интерес и од Реал Сосиедад, Селта и Торино, но наводно тој е најблиску до трансфер во Бетис.

Леванте во последниот натпревар од Ла Лига триумфираше над Атлетико Мадрид. Со оваа победа, Леванте дојде до 14-тиот бод, но и понатаму остана на последното место.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ЕКИПА (@ekipa.mk)

Се вчитува...