Италијанскиот боксер Даниеле Скардини веќе некое време не е во врска со Дилета Леота, но со задоволство се потсетува на моментите минати со атрактивната спортска новинарка од Сицилија.
Леота сега е во врска со турскиот актер Чан Јаман, со кого наводно планира и венчавка.
„Се надевам дека сега тие двајца се среќни заедно“ – вели Скардини, осврнувајќи се на врската со Дилета.
„Беше тоа прекрасна љубовна приказна. Во се бевме заедно. Се беше вистинско. Бев навистина силно заљубен во неа. Не, ги немам сега тие чувства, но ја почитувам затоа што е одлична жена и се надевам дека е среќна“.
View this post on Instagram
Скардини и Дилета беа една година во врска, а кога го остави ја молеше да му се врати.
„Ја сакам. Не сум ја изневерил. Таа е најдоброто нешто што животот можеше да ми донесе. Боксер сум и најмалку што сакам е да ме фрлат на под, но како да сум нокаутиран откако ме остави. Сакам да ми се врати, подготвен сум повторно да ја освојам“ – зборуваше несреќниот Скардини во август минатата година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА