Беверли: Луѓето се грижат за мојата безбедност, а не знаат дека во Израел нема војна

Патрик Беверли летово потпиша за Хапоел Тел Авив. Веројатно многумина беа изненадени од ваквиот трансфер и воопшто од желбата на НБА играч да дојде во тим од Еврокупот, но и во тим кој е во земја во која владее војна.

Тој во својот подкаст рече дека многу луѓе му се јавуваат и му испраќаат пораки во кои ја изразуваат својата загриженост за него, но тој вели дека во Израел нема војна.

„Сите ме прашуваат дали сум добро, а јас се будам во рајот секој ден. Небото е розево кога сонцето заоѓа во Тел Авив. Ми даваат приватни плажи да одам. По тренингот седам на плажа седум часа, имам огромна палата. Едно од најубавите места на кои сум играл“, рече Патрик Беверли.

Се вчитува...