Без дел од стандардните првотимци одработен првиот тренинг за дуелите со Хрватска и Чешка (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската машка сениорска фудбалска репрезентација денеска на терените на тренинг центарот „Петар Милошевски“ го одбработе првиот полесен тренинг во пресрет пријателските натпревари со Хрватска и Чешка кои служат како подготовка пред настапите во Лигата на Нации кои стартуваат во септември.

Истиот помина без дел од стандардните репрезентативци. На теренот не се појавија Енис Барди, Столе Димитриевски, Дарко Велковски, Ѓоко Зајков, Дамјан Шишковски, Стефан Ашковски и Александар Трајковски поради доскорешните клупски обврски и истите се очекува да им се приклучат на соиграчите веќе утре.

Првата контролна средба за избраниците на Благоја Милевски е закажана за 3. јуни. На овој натпревар „црвено-жолтите“ силите ќе си ги одмерат со Хрватска во Ријека, а седум дена подоцна во Храдец Кралове ги очекува и средбата со Чешка.

 

Се вчитува...