Без дилема: ПСЖ е најдобар клуб на годината

Освојувачот на Лигата на Шампионите, францускиот гигант ПСЖ очекувано ја доби наградата за најдобар клуб на годината на 69. церемонија на доделувањето на престижната награда „Златна топка“.

Парижани славеа во финалето во најпрестижното клупско фудбалско натпреварување, а се закитија и со трофеите во домашното првенство комплетирајќи „триплета“.

Претходно тренерот на ПСЖ, Луис Енрике ја доби наградата на најдобар тренер на годината, додека Џиџи Донарума, доскорешниот фудбалер на парижани беше прогласен за најдобар голман.

Се вчитува...