Македонската репрезентација ќе биде без Елиф Елмас на дуелот против Албанија во вторник на стадионот „Младост“ во Струмица кој го играме во рамките од квалификациите за СП 2018 во Русија.
Еден од најголемите бисери на македонскиот фудбал нема да биде на располагање на селекторот Игор Ангеловски поради жолти картони. Елмас, заедно со капитенот Горан Пандев, беа творци на победата на Македонија од 0-1 синоќа против Израел во Хаифа.
Националниот тим попладнево се врати во Скопје од каде веднаш продолжи за Струмица каде ќе се одработат последните два дена подготовки за средбата со Албанците. Во Македонија со мала повреда допатува и капитенот Горан Пандев кој се здоби со удар во десната нога на средбата со Израел. Но, според лекарскиот тим на нашата репрезентација Пандев се очекува комплетно да биде подготвен за пресметката во вторник во својата Струмица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА