Стартот на нокаут фазата во Лигата на Европа не ги оправда очекувањата според прикажаниот фудбал и очекувањата, откако Црвена звезда и ЦСКА Москва ремизираа 0-0 во првиот меѓусебен дуел што се одигра во Белград.
Стадионот „Маракана“ беше исполнет, домашните фудбалери имаа огромна поддршка од трибините, но сепак не успеаја да стигнат барем до минимална предност против големиот ривал. Радоњиќ ја имаше најубавата шанса за „црвено-белите“ кога во ситуација „еден на еден“ во 35. минута биеше директно во гостинскиот голман, се заканија и Бен и Ле Талек, но сепак мрежата на Акинфеев остана незатресена.
Опасни во неколку ситуации беа и гостинските фудбалери, кои лесно доаѓаа до позиција на дваесетина метри од противничкиот гол, но немаа конкретна завршница, па вечерашниот натпревар заврши без ниту еден постигнат погодок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА